Ја користи речиси една десетина од светското населние. Им дава на луѓето поттик еднаков на шест филџани кафе, и се користи и како симбол за љубов, брак и лек против лошо варење на храната и импотенција. Но исто така одведува и десетици илјади луѓе прерано во гроб.
Што е причината? Санаото оревче бетел.
Може да се најде низ цела Азија, и овие јатки се берат од палмата арека и се џвакаат заради карактеристиката да загреваат и заради стимулативните својства.
Заради нејзината ефекасност, заедно со никотинот, алкохолот и кофеинот, се верува дека оревчињата бетел се едни од глобално најпопуларните супстанции за подигнувањето на будноста.
Иако го користат и жени и деца, овие јатки се посебно популарни помеѓу работоспособните мажи кои ги џвакаат за бидат будни при долги часови возење, рибарење или работа на градби. Но краткорочните бенефити имаат страшна цена.
Високата стапка на орални канцери ги уништуваат животите на многумина кои џвакаат оревчиња бетел, и тоа децении откако првпат ќе ги пробаат.
Сега на Тајван, каде оревчињата бетел од милост се нарекуваат „тајванска гума за џвакање“, владата презема чекори да ја сопре оваа со векови стара навика и да намали годишно да се губат илјадници животи.
Опасна комбинација
Јатката бетел е клучен дел од многу азиски култури и може да се конзумира исушена, свежа или како пакување познато како „тоа“.
Иако нејзината подготовка варира од една до друга земја и култура, тоа вообичаено е мешавина од гасена вар, лист од бетел и зачини како што се кардамом, цимет и тутун.
Она што загрижува е што Меѓународната агенција за истражување на канцери ја навела секоја состојка – со исклучок на кардамомот и циметот – како познати канцерогени или агенси кој предизвикуваат канцер.
Како посебен проблем се смета гасената вар затоа што создава стотици мали дупчиња во устата. Се смета дека токму ова е влезната точка за многу хемикалии кои предизвикуваат канцер.
– Речиси половина од луѓето се уште не знаат дека оревчињата бетел можат да предизвикаат орален канцер, вели проф. Хан Лианг-џиун, специјалис за орален канцер во Националната универзитетска болница на Тајван. „Заради ова, тајванската инциденција или стапка на смртност од орални канцери се рангира помеѓу првите две или три во светот“.
„Почнав да ја џвакам затоа што сите го правеа тоа“
Како и повеќето луѓе, Киу Жен-хуанг кој има 54 години, бил сосема несвесен за ризикот. Пранешниот работник во компанија за чакал џвакал оревчиња цели десет години. Дваесет години откако престанал, кај него се развила болеста.
– Почнав да џвакам бетел затоа што сите на работа го правеа тоа, вели Киу. „Си ги делевме за да изградиме добри меѓуодноси“.
Пред три години, на неговото лице се направила мала дупка и за само три месеци туморот израснал со големина на топче за голф и сосема му го сменило животот.
– Секогаш кога јадам, од таму исцедува. Врз дупката ставам газа. Страшно боли, вели тој. „Тоа силно влијае на мене. Толку се засрамив што престанав да излегувам надвор“.
Секоја година, 5,400 Тајванци, како и на Киу, им се дијагностицира орален канцер или се појавуваат предканцерни симптоми и се смета дека 80-90 проценти од тие лица исто џвакале бетел.
Меѓу првите симптоми се бели или црвени дамки во устата, но ова може да се забрза до тумори кои го разјадуваат месото.
За разлика од другите канцери, овие тешко можат да се скријат и затоа страдалниците се и физички и психички разнебитени.
– Тоа е за нив мизерија, вели проф.Хан. „Понекогаш дури и по операција тие сеуште не можат да изведуваат основни функции, меѓу кои и искажување на емоции преку лицето затоа што долната вилица исто треба да биде исечена, зависно од степенот на проширеност на канцерот“.
Справување со злото
За среќа по Киу Жен-хуанг, неговиот канцер бил опериран, а лицето реконструирано. Но тајванската влада им помага на луѓето да ја откријат болеста многу порано обезбедувајќи еден милион бесплатни снимања и програми за финансирање, за да им помогнат на луѓето да се откажат од оревчињата бетел, и им нудат субвенции на фармерите да ги исечат дрвјата и да засадат алтернативни растенија.
Други земји како Индија и Тајланд, исто започнаа кампањи за да го обесхрабрат џвакањето на јатката бетел.
Но уште многу треба да се работи. На една неодамнешна презентација во основно училиште, скоро сите деца на работници во риболовната индустрија ги дигнаа рацете кога беа прашани дали нивните родители или роднини џвакаат оревчиња бетел.
И како што на канцерот му требаат до 20 години за да се појави, сегашните промени за многу луѓе ќе дојдат премногу доцна – факт кој силно му паѓа при срце на Киу. „Ја сум еден од оние посреќните“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст