| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 10.100 униформирани и овластени лица во МВР од мај ќе земаат повисоки плати

policija3

-Од Штип, од градот од кој произлегле многу великани кои со сите сили се бореле за Македонија и за нашиот народ, објавувам и една нова работа – уште една мерка која ќе значи унапредување на стандардот на многу семејства. Тоа е  мерката Усогласување на платите на униформираните и овластените лица во МВР со платите на униформираните и овластените лица во Царина – најави премиерот Никола Груевски.

Со оваа мерка во периодот од април 2015 до  декември 2017 ќе се зголемат платите на униформираните и овластените вработените во МВР со што до декември 2017 тие ќе се изедначат со платите на истите во царината. Вкупното зголемување на платите за периодот април 2015 – декември 2017 ќе изнесува од 15% до 20%, односно по околу 3.000 денари по работник месечно.

Мерката почнува да се применува веднаш, односно со исплатата на платата за април 2015 година (што ќе се исплати во мај). Платите што ќе се исплатат во мај ќе бидат повисоки од исплатените во април за околу 4 до 5 осто, зависно од стартната основа.  Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 10.100 униформирани и овластени лица во МВР (без државните службеници) –  рече Груевски кој искажа благодарност до македонската полиција, до сите припадници на безбедносните сили, што се грижат за Македонија и што ја чуваат нашата држава.

Ние сме должни кон нив, и благодарни за тоа што го прават.  Тоа е ВМРО-ДПМНЕ! Нека е аирлија! – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top