| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во февруари пораснало за 3,1 отсто

 макстил

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, пораснало за 3,1 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015 година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 13,4 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,2 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, бележи пораст кај Енергија за 5,9  отсто, Капитални производи за 26,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 27,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3 отсто.

Податоците покажуваат дека индустриското производство во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на периодот јануари – февруари 2014 година, забележува раст од 2,1 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top