Владата на Република Македонија реализира низа проекти во инфраструктурана низ цела држава.
Премиерот Никола Груевски на оваа тема говореше на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ што вчера се оддржа во Штип.
–Ова се работи кои секој ги гледа, како што се гледа и веќе отпочнатата изградба на автопатска делница Миладиновци – Свети Николе – Штип, во должина од 47 км инвестиција која ќе биде завршена 2017 година. Капитална инвестиција за цел исток, на која во огромен број работат македонски работници и македонски фирми. Истовремено, вршиме и реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес – Кадрифаково, со вкупна должина од 26 км во висина од 14 милиони евра, што ќе биде завршено до крајот на оваа година. Кога сме кај патната инфраструктура, сакам да истакнам неколку битни работи за целиот регион. Во април почнуваме со градежни работи за надградба на патната делница Карбинци- Зрновци-Виница во должина од над 10 километри и вредност од околу 1 милион евра. Обезбедивме финансии во вредност од 43 милиони евра за изградбата на експресен пат Штип – Кочани, како комплетно нова траса со четири ленти во должина од 26км. Почетокот на градежните работи започнува во втората половина на оваа година и комплетно ќе се реализира до 2017 година. За патниот правец Кочани, Каменица, Делчево, кој е во должина од 30 километри, кон крајот на годината започнуваме со градежни работи за темелна реконструкција и модернизација на патниот правец, со проширување на кривините и исправање на критичните точки на патот и ова е инвестиција во вредност од 10 милиони евра. Правиме напори и во длабока фаза сме на обезбедување на средства во висина од околу 60 милиони евра за изградба и на експресниот пат од Штип до Радовиш, со четири ленти, и должина од околу 40 километри, и ако се оди како што треба планот е кон крајот на следната година да се започне со релаизација и на оваа инвестиција. Во овој регион досега само во изминатите 4 години реконструирани, реновирани и модернизирани се 42 локални и регионални патни правци, во вкупна должина од 127 километри и вкупна инвестиција од околу 14 милиони евра само за локални и регионални патишта. Се реализираат и се во фаза на реализација и проектите во висина од 5,8 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во истокот, обезбедени од Светската банка и Европската Банка за обнова и развој, од кои само за Штип се наменети 1,4 милиони евра, истакна Груевски.
Пред десетина дена започната е и изградбата на гасоводната мрежа, од Клечовце до Штип во должина од 60 километри и инвестиција од 75 милиони долари. Проект кој е од особена важност за стопанството но и за граѓаните, бидејќи можноста за користење на гасот во домаќинствата, ќе значи пониски сметки за струја и пониски сметки за греење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст