Италијанската компанија Диатек која отвора свој капацитет во Македонија ќе вработи 200 лица. Во месец јули ќе започне првото производство, а во првата фаза ќе има 30 вработувања.
Договорот за реализација на инвестицијата од 10 милиони евра, денеска беше потпишан по средбата што претставниците на компанијата ја остварија со премиерот Никола Груевски.
Првиот дел од капацитетот ќе биде изграден во ТИРЗ Скопје 1, односно во Бунарџик и во средината на овој месец треба да се инсталираат машините кои се произведуваат од македонска компанија во Кочани. Производството се очекува да почне во јули годинава, а процесот на вработување ќе стартува со 30-ина од вкупно планираните 200 лица.
Договорот го потпишаа сопственикот на компанијата „Диатек“ Диего Мосино и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. На потпишувањето, покрај премиерот Груевски, присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој истакна дека инвестицијата се реализира како резултат на сите економски политики на Владата за привлекување странски инвестиции, како и со помош на македонската дијаспора во Италија.
– По неколку месеци преговори одлучија да инвестираат како резултат на стратегијата која ги вклучува сите елементи за привлекување странски инвестиции, рече Пешевски и додаде дека со оваа инвестиција Италија ја проширува палетата инвеститори во Македонија, но и ја зголемува можноста за доаѓање на други италијански компании.
Посочи дека како резултат на доаѓањето на оваа компанија која е еден од светските лидери за дигитално печатење, веќе неколку нивни добавувачи преговараат за инвестирање во земјава.
Сопственикот на „Диатек“ Мосино истакна дека одлуката да инвестираат токму тука ја донеле бидејќи Македонија нуди одлични услови за бизнис. Потенцира дека тоа е важно бидејќи преку капацитетот во Македонија ќе пласираат производи не само во околината, туку и во други земји во поширокиот регион. Информираше и дека ќе се инсталираат три производствени линии.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо посочи дека фабриката во првата фаза ќе се простира на 2.500 метри квадратни и дека според потребите понатаму може да се проширува. Извозот што ќе го остварува се проценува на околу 15 милиони евра, а постои простор тој да се зголеми и за трипати.
Производството е наменето за пазарите на Источна Европа, Турција, Северна Африка и Персискиот Залив.
Групацијата „Диатек“ има годишен обрт од 180 милиони евра и 800 вработени, а покрај во Италија има капацитети и во Швајцарија, Франција, Германија и САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст