Претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер, пред малку ја завршија билатералната средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Рочард Ховит, во рамки на дијалогот што со посредство на Европскиот парламент се води со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако беше првично предвидено состанокот на претставниците на СДСМ и европратениците да почне во 11.30 часот, тој беше одложен за 45 минути поради доцнењето на европратеникот Кукан.
Па, така, пред малку заврши билатералната средба на македонските социјалдемократи со претставниците на ЕП, кои се набљудувани од двајца претставници на Европската комисија, но Шекеринска, Треневска-Дескоска и Габер одбија да дадат изјава за претставниците на македонските медиуми за тоа што се разговарало на првичната средба.
Билатерална средба со Вајгл, Кукан и Ховит во моментов одржуваат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски.
Според најавите, доколку европратениците и претставниците на Еврокомисијата, од билатералните средби со претставниците на двете македонски партии добијат впечаток дека има допирни точки за можен дијалог и договор, тогаш околу 15 часот се очекува да се одржи заедничка средба на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Без разлика на денешниот исход на овие првични разговори, од Европарламентот најавуваат дека по велигденските празници ќе се одржи нова средба со цел ставање крај на политичката криза во Македонија и враќање на СДСМ во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст