Дејвид Спигелхалтер, професор за проценка на ризик во Статистичката лабораторија на Универзитетот во Кембриџ го проучува сексот од малку поинаков агол.
– Нашето сексуално однесување има големо влијание не само врз нашите животи, туку и врз општеството – вели тој за „Дејли меил“.
Според Спигелхалтер, најновите истражувања покажуваат дека Британците имаат се помалку секс.
– Иако живееме во ера што никогаш не била повеќе сексуализирана отколку денес, всушност имаме секс помалку од било кога. Истражувањата покажуваат дека во последните три децении, од пет пати секс во месецот, Британците стигнаа до просек од секс само три пати месечно – вели тој.
Логично, двојките кои живеат заедно имаат повеќе секс, но и во овој сегмент бројките паднале. Пред 20 години, жената која живеела со својот партнер имала секс со него шест пати во месецот, додека денес бројката се намали на четири пати во еден месец.
– Ако овој тренд продолжи, може да се претпостави дека просечниот човек во 2040 воопшто нема да има сексуални односи – ка поставува својата црна прогноза професорот.
Тој додава дека најзагрозени се оние на возраст меѓу 25 и 34 години, кои иако се на врвот на сексуалната моќ, воопшто не ја искористуваат. Водат љубов само три пати месечно, а еден од четворица од нив признава дека немал секс последните месец дена.
Експертите веруваат дека се повеќе и повеќе работи го трошат нашето време, а сексуалните односи стануваат се поневажни. Спигелхалтер додава дека митот дека мажите мислат на секс на секои седум секунди е бабина деветина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.