600 делови од тела и да издвојат 78 различни примероци на ДНК, успеале да извадат вештаците од местото на несреќата, каде што се урна авионот на „Герман вингс“.
Форензичарите потврдиле дека ги извлекле и идентификувале остатоците на копилотот Лубик, кој, наводно, намерно го урнал авионот.
Тие, имено, имале најтешка работа, морале да идентификуваат 150 жртви…
Угледниот професор Мајкл Тсокос, потврдил дека биле идентификувани остатоците од копилотот Андреас Лубик, за кого се верува дека намерно го урнал авионот.
– Сцените од местото на несреќата ќе ме прогонуваат до крајот на животот – изјавил професорот.
Тсокос предвидува дека во рок од три седмици ќе бидат идентификувани 95 проценти од жртвите, а веќе следната седмица спасувачите би требало да ги преместат сите човечки остатоци од местото на несреќата.
-Радиолозите со подвижните CT уреди ги снимаат деловите на телата што се пронајдени. Посебно облечени форензичари земаат отпечатоци од прсти, а сето тоа се фотографира. Секој, па дури и најмал дел од ткаенина, ќе биде тестиран на ДНК – објаснил Тсокос.
Местото на несреќата е под константен надзор од стражари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст