Премиерот на Албанија Еди Рама предложи Македонија и Косово по забрзана постапка да се вклучат во регионалната Јадранско-јонска стратегија, пишува денеска весникот „Коха диторе“.
Рама на собирот во Пескара, Италија, повтори дека макрорегионалната треба да ја следи и националната стратегија.
– Да бараме решение надвор од Европа би било исто како да бараме решение надвор од историјата. Повторувам дека макростратешките стратегии треба да одат врз основа на националните – изјави Рама на собирот.
Тој изрази надеж дека активната фаза на макрорегионалната стратегија на Јадранско-јонското приморје ќе овозможи пристап и за четири држави кои не се земји членки на ЕУ, а се членки на регионалната стратегија
– Се надевам дека со забрзана постапка во регионалната стратегија ќе бидат вклучени Македонија и Косово, со што таа соработка ќе биде комплетирана – изјави Рама.
Макрорегионалната стратегија е еден нов пат што ќе ги зајакне односите меѓу соседите, но и мировната стратегија со посредство на економска и социјална соработка, истакна албанскиот премиер, пренесува „Коха диторе“.
Европската комисија во јуни минатата година претстави европска стратегија наменета за развој на Јадранско-јонскиот регион. Јадранско-јонската иницијатива моментално вклучува осум земји од регионот од кои четири се членки на ЕУ (Италија, Словенија, Хрватска и Грција) и четири од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Рама: Мојата средба со лидерите на албанските партии нема врска со изборите
-
Уште еден круг-Еди Рама повторно истрча во патики!(видео)