Живот посветен на театарот – човекот што ја изгледал речиси секоја театарска претстава во земјава. Човекот што секогаш знаел да даде искрена критика, да посочи на грешки и пропусти и притоа ниту еден актер, ниту еден режисер да не му се налути за тоа. Напротив, да се замисли дека тоа доаѓа од вистински театарски фан, од пријател на театарот, од човек што буквално израснал во театарот.
–Веќе се стори и 21 година… Од мојата прва критика во „Дело“, па преку „Разгледи“, во „Екран“ и „Пулс“, па сѐ до „Вечер“ со кој си останавме верни до крај… – рече Грозданов во еден разговор за „Република“.
За тоа како актерите и режисерите ги прифаќаат неговите критики вели:
Никој од нас не прифаќа критика, без разлика дали на неа во моментот реагира мирно, без коментар или со одобрување, или, пак, реакцијата ќе биде со негодување, бурна до расправија или дури и со потсмев… Убеден сум во тоа! Па зошто тогаш луѓето од театарската фела би биле исклучок од правилото?!
Од овој аспект, здобивајќи го и сопственото искуство, научив дека не треба да им се лутам на театарските луѓе, колку и да ме повредуваат во моментот, се разбира, избегнувајќи ги или аморизирајќи ги, колку што можам, вербалните удари… Велат, а и точно е, тоа е само плод на суетата… Но, од друга страна, театарот без суетата не би бил врвна уметност, каква што знае да биде, каква што треба да биде. Да бидам искрен до крај, имало и конфликтни ситуации (за среќа, навистина, малку), што сум ги поднел повеќе или помалку стоички, односно и јас сум знаел да се налутам…
А, на крајот од краиштата, сите ние сме само луѓе, зар не?!
И навистина сите сме луѓе. Борче го посвети животот на театарот. Луѓето од театарот му посветија еден ден нему – ден што Борче ќе го памети цел живот… Денот на театарот стана и Ден на Борче Грозданов. Со солзи во очи Грозданов го прими изненадувањето од тетараските работници – автоматизирана инвалидска количка. Борче сега може полесно да продолжи со своите активности. Може да прошета, да замине на театарска претстава, да го слави животот со пријателите. Тетарските работници му подарија еден поинаков живот.
– Збунет сум што сум од другата страна на рампата, моја работа е да ве критикувам, а ваша да се лутите. Дождов надвор треба да е бериќет. Никогаш немојте да ја заборавите публиката, а уште повеќе – да ја задржите. Обрнете внимание на разноликоста на репертоарот. Во ред е да се има Чехов, во ред е да се има „Електра“, домашни автори, на публиката треба да се влијае и едукативно, но театарот има и релаксирачка улога. На моменти премногу се филозофира на сцената – им посочи Грозданов.
Можеше да каже само благодарам откако стана свесен за изненадувањето.
Немој тие солзи дρуже, саκаш ли сите да се удавиме у тоа моρе , да си ми жив и здρав – коментираат пријателите на Грозданов на неговите фотографии на кои се гледа солзата радосница. Солза за гестот, солза за тоа дека денеска, сепак, сѐ уште постојат луѓе.
–Нема подобра козметика од среќа. На оваа фотографија блескаш другарче среќен сум за тебе и се радувам – напиша еден од многуте пријатели на Борче.
Среќни сме за тебе и ние колега. И не се радуваме со тебе… Ти заслужуваш!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст