„Левл шу дистрикт“ (Level Shoe District) во Дубаи е најновиот најголем простор за продажба на чевли. Се простира на 96.000 квадратни метри и е сместен во центарот на луксузниот трговски центар.
Повеќе од 250 модни дизајнери ги доставуваат своите нови модели на чевли токму тука. „Шанел“, „Диор“, „Фенди“ и „Версаче“ се само неколку од најистакнатите.
Сите посетители на едно место може да ги разгледаат сите модели на врвните модни марки и да се почувствуваат многу разгалено од услугата.
Целта на инвеститорот била токму таа што е постигната – ова место да биде рај од бои и модели на чевли.
Ентериерот е составен од неколку целини, поточно неколку соби кои се посебно уредени со своја, уникатна приказна. Амбиентот е неверојатен и незаменлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Какви чевли треба да носите според хороскопскиот знак
-
Весела математика: Бројот на чевли кој го носите зборува за тоа колку години ќе живеете!
-
Секојдневните маки имаат научно објаснување: Зошто ни се одврзуваат врвките додека одиме
-
Кралицата Елизабета вработила жена која ќе ѝ ги разгазува новите чевли