| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина републиканци го сметаат Обама за непосредна закана за САД

obama

 Една третина од републиканците го сметаат Барак Обама за непосредна закана за САД, со што американскиот претседател го ставија пред претседателите на Русија и Сирија, соопштуваат британските медиуми.

Анкетата на интернет на Ројтерс/Ипсос во текот на март анкетираше 2.809 Американци од кои побара оцена од еден до пет за опасноста што за САД ја претставуваат држави, организации и поединци.

Истражувањето покажа дека 34 проценти од републиканците Обама го сметаат за непосредна закана, 25 проценти го посочиле Владимир Путин и 23 проценти Башар ал-Асад.

Истражувањето беше спроведено меѓу 16 и 24 март, а во него учествуваа 1.083 демократи и 1.059 републиканци. Дваесет и седум проценти од републиканците ривалската Демократска партија ја сметаат за непосредна закана, а 22 проценти демократи, пак, Републиканската партија ја гледаат како таква закана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top