Пиетро Босели, 25 -годишен професор по математика во Универзитетот „Лондон“ е хит овие денови на социјалните мрежи благодарејќи на неговиот ученик кој своето воодушевување од фактот дека математика му предава „најубавиот професор во светот“ го сподели на „Фејсбук“.
Инаку, Босели не е непознат во светот на модата и убавината – кога имал само шест години тој снимал за Џорџо Армани, а од тогаш, покрај универзитетската, изгради и успешна кариера како фотомодел.
Фотографиите ги пронајде неговиот ученик Ариеф Азли, кој на „Фејсбук“, покрај фотографиите на неговиот професор напиша: „Оној момент кога ќе сфатиш дека твојот професор по математика е еден од најуспешните модели“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




