Уште нешта сѐ уште не се познати околу трагичната катастрофа на авионот на „Џерманвингс“ во Франција. Но, она кое го знаеме е дека авиокомпаниите можат да преземат чекори за да биде намален ризикот пилоти намерно или поради невнимание да урнат авион.
По анализата на записите од црната кртија, истражителите изјавија дека незапирливото спуштање на авионот во вторникот за време на летот од Барселона до Диселдорф е изведено од вториот пилот кога бил сам во пилотската кабина, и дека притоа тој не му ја отворил вратата на претходно излезениот капетан. На снимките се слуша како капетанот на авионот се обидува повторно да влезе во пилотската кабина.
Според француските истражители, вториот пилот Андреас Лубиц бил свесен, но можеби никогаш со сигурност нема да дознаеме дали тоа било така. Всушност, знаеме дека нештата можеле поинаку да се развијат ако во пилотската кабина имало уште еден човек. 
Извршниот директор на „Луфтханза“, компанијата сопственик на „Џерманвингс“, рече дека европските регулатори не бараат во кабината обврзно да има две лица.
Но, во САД постои такво правило, велат од Федералната администрација за цивилна авијација во САД и локална браншова организација. Правилото е ако пилот треба да излезе од која било причина од кабината, стјуардеса или друг пилот кој ќе биде во авионот и кој во моментот не се на должност, имаат право да влезат во кабината. Тоа се разумни правила и сите авиокомпании треба да ги извршуваат. При ситуација на каква било хаварија, стјуардесата може да се обиде да ја отвори вратата или да го повика излезениот пилот.
Нивното присуство нема да биде корисно само при намерна саботажа, туку и ако пилотот кој управува со авионот заради некаква причина не е во состојба да ги исполнува своите професионални задолженија – например, заради инфаркт.
По атентатите од 11 септември, законодавците и регулаторите правилно постапија откако побараа од авиокомпаниите да ги зголемат мерките за безбедност во кабините, и да инсталираат блиндирана врата. Изгледа тоа решение го спречило капетанот на авионот на Џерманвингс да се врати во пилотската кабина. Веќе неколку авиопревзници, меѓу кои и Норвиџн ер шатл, изјавија дека ќе воведат правило за време на летот во пилотската кабина обврзно да има две лица.
Во целина, воздушниот транспорт останува неверојатно безбеден, а случаите при кои пилотисе самоубиваат и убиваат патници се исклучително ретки. Во студија која беше објавена минатата година од Федералната администрација за цивилна авијација на САД, се посочуваат само осум такви случаи за периодот помеѓу 2003 и 2012 година. Кај сите наброени оримери станува збор за мали приватни авиони, а не за патнички лајнери, и само во еден од случаите освен пилотот во кабината имало и друг патник.
Не постои политика за безбедност која ќе ги предвиди сите ситуации. Но барањето за двајца во пилотската кабина за време на еден лет е разумна постапка која ќе ги намали ризиците од тоа животите на десетици или стотици луѓе да бидат доверени на еден единствен пилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





