Од Штип денеска премиерот Никола Груевски објави уште една мерка која ќе значи унапредување на стандардот на многу семејства, а тоа е усогласување на платите на униформираните и овластените лица во МВР со платите на униформираните и овластените лица во Царина.
Ова, нагласи Груевски, долги години со право го очекуваа униформираните и овластените лица во МВР.
– Во периодот од април 2015 до декември 2017 ќе се зголемат платите на униформираните и овластените вработените во МВР со што до декември 2017 тие ќе се изедначат со платите на истите во царината. Вкупното зголемување на платите за периодот април 2015 – декември 2017 ќе изнесува од 15 до 20 проценти односно по околу 3.000 денари по работник месечно, истакна премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ.
Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 10.100 униформирани и овластени лица во МВР, без државните службеници.
Мерката почнува да се применува со исплата на платата за април 2015 година. Платите што ќе се исплатат во мај, најави Груевски, ќе бидат повисоки од исплатените во април за околу 4 до 5 отсто, зависно од стартната основа.
Груевски упати благодарност до македонската полиција, до сите припадници на безбедносните сили, што се грижат за Македонија и што ја чуваат нашата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер