| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро втората фаза за Клиничката болница во Штип

болницаНаскоро ќе биде избран најповолен понудувач за изградба на новата Клиничка болница во Штип која треба да започне во јуни или јули годинава и треба да дава услуги на повеќе од 200 илјади жители од овој регион, најави премиерот Никола Груевски од денешниот народен собир што се одржа во Штип.

– Денеска сакам да информирам дека се комплетираа процедурите и веќе за 20 дена ќе биде распишана втората фаза преку која ќе биде избран најповолен понудувач за изградба на болницата што се очекува да започне веќе во јуни или јули оваа година.  Целиот источен регион ќе добие нова кличинка болница која ќе се простира на 30.000 метри квадратни. Нова клиничка болница во вредност од 34 милиони евра. Проект кој се однесува на повеќе од 200.000 жители од сите општини на овој регион, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top