И покрај тоа што веќе се познати ризиците поврзани со пушењето за време на бременоста, околу 10 проценти од идните мајки и понатаму пушат.
Но, новите снимки направени со ултразвук, можат да ги натераат да размислат два пати за тоа дали ќе ја остават таа лоша навика додека го носат своето дете во утробата.
Научниците со помош на ултра звук покажале дека пушењето влијае на движењето на устата и на рацете на фетусот и дека поспоро се развива неговиот средишен нервен систем.
Раководителот на студијата др. Надја Реисланд од универзитетот Дурам, се надевам дека фотографиите еден ден ќе бидат искористени да помогнат на мајките да донесат здрава одлука.
– Кога на мајките ќе им го покажувме ова видео од фетусот, многу од нив ќе ги остават цигарите, вели Реисланд.
Научниците од Британија вршеле анализи на 20 фетуси од 24 до 36 недела, од кои четири фетуси биле носени од мајки пушачи, а останатите мајки биле непушачи.
Истражувњето открило дека устата на фетусот кај мајката пушач се движи сначително повеќе од нормалното. Фетусите ги движат устите и се допираат, но тие движења се намалуваат со приближувањето на породувањето и имаат повеќе контрола над моториката.
Последиците од пушењето на движењата на рацете и устата на фетусот се слични како кај оние чии мајки биле подголем стрес или пак во депресија, а влијанието на никотинот е уште подраматичен.
Научниците заклучиле дека тоа е така затоа што средишниот нервен систем на фетусот кој ги контролира движењата а кој е изложен на никотин не се развива како што треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст