| четврток, 6 декември 2018 |

Италија ќе ја реформира државната телевизија

Screenshot_224-480x316Италијанската Влада усвои амбициозен проект за реформа на државата телевизија РАИ, кој предвидува таа да се модернизира и да се укине можноста да биде контролирана од политичките партии, се наведува во вчерашното соопштение на Владата.

– На РАИ гледаме како на компанија, која треба да претставува една од најголемите културни компании во Европа, изјави претходно овој месец италијанскиот премиер Матео Ренци, претставувајќи ја првичната верзија на проектот.

Проектот предвидува бројот на членовите на Управниот одбор на РАИ да се намали од девет на седум. Двајца од членовите ќе бидат назначувани од Министерскиот совет, на предлог на министерот за економија, четири ќе се избираат од Парламентот, а еден еден ќе биде избран од вработените во РАИ.

Претседателот и генералниот директор ќе се назначуваат од Управниот одбор. Функциите и надлежностите на генералниот директор во голема мера ќе се усогласат со правилата кои важат во приватните компании.

Трите канали на државната телевизија нема повеќе да се определуваат според политичката ориентација, туку според содржината. РАИ 1 ќе биде канал со широк профил на програми, РАИ 2 ќе биде посветен на иновациите, а РАИ 3 ќе се специјализира во областа на културата и нема да емитува реклами.

Последната реформа на РАИ беше спроведена во 1975 година, кога контролата врз телевизијата премина во рацете на Парламентот.

Мандатите на актуелното раководство на РАИ, вклучувајќи го и тој на претседателот Ана Марија Тарентола истекуваат во мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top