| четврток, 6 декември 2018 |

Сто отстотно обесштетување за сите погодени од поплавените региони

poplavi pelagonija 4

Денеска во преполната спортска сала во Штип се обрати македонскиот премиер Никола Груевски. Тој промовира низа мерки, а соопшти и значајна вест за сите погодени од поплавените региони.

Потенцира дека годинава во јануари и февруари, одредени региони на државата ја зафатија невидени поплави досега, кои направија огромни штети пред се за земјоделците но и за некои домаќинства. Македонија била повремено поплавувана, но вакви обемни поплави многу одамна не не погодиле.

Овој регион особено делот на Чешиново Облешево и Кочани, но и некои други делови, беше еден од најпогодените региони заедно со пелагонискиот, и знам дека многумина претрпеа огромни штети. Минатата недела кога се уште не беа завршени проценките, најавив дека обештетувањето ќе биде биде високо. Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, Владата ќе извши 100 отстотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката. Значи колку што проценителите ќе проценат и утврдат дека имало штета, толку ќе им биде исплатено обесштетување на луѓето. Е тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top