| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката на Лубиц била бремена

andreasLubicДевојката со која што требало да се ожени осомничениот копилот Андреас Лубиц била бремена со негово дете. Жената чие име Катрин Голдбах се појавува за прв пат во медиумите, а со која што Лубиц бил во нестабилна врска во последниве седум години разбрала дека е трудна пред неколку недели.

Според германскиот весник „Билд“ Голдбах е учителка со која Лубиц бил во долгогодишна врска со многу прекини. Таа врската со Лубиц конечно ја прекинала по неговото променливо однесување, кое што медиумите го нарекуваат синдром на „Доктор Џекил и Мистер Хајд“, поради што таа била загрижена за личната безбедност.

Според германските медиуми девојката на Лубиц ја прекинала врската поради неговото однесување само неколку недели пред трагедијата во Француските Алпи.

Голдбах во моментот на несреќата сеуште живеела во заедничкиот стан но почнала да бара ново живеалиште поради неговата желба да има целосна контрола врз нејзиниот живот.

Според засега се уште непотврдени информации во станот на Лубиц полицијата пронашла „мала планина со апчиња“, поради тоа што пилотот одбивал да ги пие препишаните антидепресиви.

Медиумите пренесуваат и информации за негово неверство со стујардеса, колешка од „Џерман вингс“, поради тоа што се чувствувал несигурност и постојано барал апсолутно внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top