Слушам во последно време сѐ почесто се зборува дека откако од опозицијата видоа дека ова што го прават не им проаѓа кај граѓаните, ќе пробаат да инсценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии. Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии – посочи премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, кој смета дека лидерот на опозицијата Зоран Заев пред неговите партиски соработници веќе не крие дека ќе следи и фаза кога ќе се обиде да ги радикализира неговите ктивности. Многу луѓе од таа партија, додава лидерот на владејачката партија, веќе се загрижени од она што го слушаат.
–Тука мора сите заедно да помогнеме во тоа. Да се разговара со нашите соседи, пријатели, со сите наши сограѓани, да не дозволиме да успеат во сценариото што тие го исконструирале. Институциите ќе направат максимум такво нешто да не се случи, и стабилноста да опстои. И ќе опстои. Замислете Зоран Заев се обрати до членовите на ВМРО-ДПМНЕ минатиот пат. Еве ве прашувам дали сакате вие да му се обратите на него? Македонија го дава својот одговор, овој одговор го слушаат сите, секаде. Народот е наша страна и тоа е нашата најголема сила…Да живее Македонија!!! – заврши Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст