| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците од Штипско годинава ќе добијат нови 15 милиони евра субвенции

gruНа 650 земјоделски стопанства од истокот им помогнавме во набавка на трактори и земјоделска механизација, покривајќи 50% од трошоците, рече премиерот Груевски од собирот во Штип.

– Ја реализиравме првата фаза од еден од најголемите проекти во источна Македонија – хидросистемот Злетовица, со кој трајно се решава проблемот со водоснабдување на повеќе од 100 илјади граѓани. Инвестиција во вредност од 100 милиони евра. Проект со кој во втората фаза е  предвидена и изградба на систем за наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште а во третата фаза и изградба на објекти за производство на електрична енергија. За земјоделците од од овој регион во изминативе 7 години имаме исплатено повеќе од 90 милиони евра за субвенции, од кои 20 милиони евра само за Штип и штипско. Поддршка каква што не паметат  земјоделците од овој регион за кои секогаш сме тука, да разговараме, да решиме некој проблем но и да помогнеме. Онака  како што излеговме во пресрет на сточарите, одгледувачите на овци од овој регион кои се соочија со сериозни проблеми од болеста син јазик, а за кои дефиниравме мерка за исплата по 4000 денари по грло, која во наредните месеци ќе биде исплатена на секој сточар кој пријави загуба. И оваа година земјоделците од овој регион ќе добијат нови 15 милиони евра по основ на земјоделски субвенции, порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top