| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Инвестиравме 9 милиони евра во проекти за младите штипјани

Tribina na Vmro vo sala Boris (3)

Премиерот Груевски од салата Јордан Мијалков во Штип ги потсети штипјани за инвестициите во образованието и проектите со кои се подобрува положбата на лицата со социјален ризик.

–          Пред 8 години тука во Штип, како што претходно дадовме ветување го пуштивме во употреба новиот Универзитет Гоце Делчев, кој денес претставува врвна високо-образовна институција со повеќе од 19.000 студенти. Посветени на подобрувањето на условите за настава во овој регион изминатиов период извршивме изградба и реновирање на 55 училишта, изградивме 8 спортски сали, 8 повеќенаменски игралишта, 5 фудбалски терени. Проекти за кои досега се инвестирани повеќе од 9 милиони евра, средства од кои само во Штип беше извршена реконструкција во 8 основни и 4 средни училишта, изграден е фудбалкиот терен во Спортскиот центар Суитлак, двете повеќенаменски игралишта во населбите Автокоманда и Мазги, изградена е спортската сала во Сењак… Проекти и дела. За младите штипјани. За иднината на Штип, рече Груевски.

Груевски истакна дека посебно внимание е обрнато на лицата во социјален ризик за на секој начин да се подобри нивната положба.

–          Во овој регион во Штип досега изградивме и предадовме на семејствата 91 социјален стан и опремивме 40 стана за деца без родители, а во Берово изграден е 51 социјален стан. Оваа година планираме да се започне со изградба на нови социјални станови во овој регион, и тоа во 48 стана во Пробиштип, 39 во Виница, во Пехчево 34, во Свети Николе 54 и во Кочани 43 стана. Тоа е нашата борба за секое семејство. Во овој регион се легализирани и над 16 000 дивоградби од кои над 6500 само во Штип, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top