Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посебно внимание посветува на лицата во социјален ризик – посочи премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Тој нагласи дека се трудат на секој начин да ја подобрат нивната положба.
-Во овој регион во Штип досега изградивме и предадовме на семејствата 91 социјален стан и опремивме 40 стана за деца без родители, а во Берово изграден е 51 социјален стан. Оваа година планираме да се започне со изградба на нови социјални станови во овој регион, и тоа во 48 стана во Пробиштип, 39 во Виница, во Пехчево 34, во Свети Николе 54 и во Кочани 43 стана. Тоа е нашата борба за секое семејство. Во овој регион се легализирани и над 16 000 дивоградби од кои над 6500 само во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст