| четврток, 6 декември 2018 |

Џонсон Контролс во Штип го зголемува бројот на нови работни места

invest

Во овој регион, во Штип ја изградивме Технолошко индустриска развојна зона Штип, на простор од 208 хектари, создавајќи услови за влез на странски инвестиции и отворање на нови работни места за целиот регион. Како што знаете веќе во зоната е реализирана инвестицијата на Џонсон Контролс, во висина од 18 милиони евра каде што работата 1500 вработени. Денеска сакам да најавам дека добивме информација од компанијата дека тие одлучиле да го прошират бројот на вработени до 1700 и да вработат уште 200 работници до крајот на годината. Тоа е добра вест за Штип. Тоа е како уште една нова помала фабрика. Значи, 200 дополнителни вработувња за Штип и овој регион во Џонсон Контролс постепено до крајот на оваа година – посочи премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. 

Тој најави дека и германската компанија Техникал Текстајлс, инвестиција која само во првата фаза е во висина од 15 милиони евра и со која се предвидени најмалку 600 вработувања, во мај-јуни годинава  ќе ја отвори својата фабрика и ќе започне со работа и вработувања.

Кога пред неколку недели бев во Кочани објавивме дека американската компанија Амфенол во Кочани, каде веќе работат околу 400 лица, донела одлука за префрлање на шест свои дивизии во Македонија и тоа во ТИРЗ Кочани-Виница. Висината на оваа инвестиција ќе изнесува околу 20 милиони евра и се предвидени околу 2000 нови вработувања. Денеска сакам да објавам дека во вториот квартал на годината, значи за 2 до 3 месеци од сега ќе се подготвува и официјално потпишување на договорот со оваа компанија и веднаш потоа почеток на градба на нивните капацитети и реализација на новите вработувања. Добра вест за Кочани,Зрновце, Виница, Блатец, Каменица и целиот регион – рече Груевски. 

Тој ја спомена и Виница, каде што веќе се градат 6 нови фабрики во индустриската зона. Значајно, според него е што холандската компанија Р енд С која веќе има вработени, највуваа дека ќе има нови врботувања. Холандската компанија Антура, која во Кочани инвестираше 6 милиони евра досега вработи 100 лица а во наредниот период ќе го зголеми бројот на вработени за уште 200 нови вработувања. Премиерот потсети дека пред десетина дена и официјално почна со работа ново отворениот капацитет на компанијата Актива аутомотив во индустриската зона во Штип, која е кооперант на белгиски Ван Хул и која веќе вработи 100 лица планира уште 200 дополнителни вработувања. Практично фабриката Актива настана како резултат на носењето на Ван Хул во Македонија.

Тоа е наша борба за секое ново работно место – рече Груевски.

Во Пробиштип заедно со локалната самоуправа се  инвестирани повеќе од 2 милиони евра  за  изградба на индустриска зона, која ќе биде готова во август оваа година.  Во оваа зона, според Груевски, постојат огромни шанси за нова инвестиција бидејќи во фаза на донесување финална одлука за инвестирање е компанија од автомобилската индустрија и тоа за инвестиција на 15 милиони евра и отворање на 300 работни места. 

Конкретни инвестиции и дела кои се од огромно значење за целиот источен регион. Дела за кои е вложен многу труд и ангажман од Владата и од локалните самоуправи во овој регион – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top