| четврток, 6 декември 2018 |

Десетици илјади лица протестираа во Рим против владините реформи

151117965-22c95b8a-7a64-4036-8b80-5c4a98f078d2Повеќе од десет илјади работници минаа вчера низ центарот на Рим протестирајќи против реформите на пазарот на труд на премиерот Матео Ренци, а протестите беа предводени од популарниот шеф на сидикатите Маурицио Ландини, кого многумина веќе го гледаат како иден лидер на италијанската левица.

– Нова пролет почнува денеска во Италија, порача Ландини опкружен со неговите приврзаници и мафтајќи со црвеното знаме на ФИОМ.

– Подготвени сме за борба, знаејќи дека имаме поголема поддршка од Владата, изјави тој.

Протестот беше организира од синдикатот на работниците во металската индустрија ФИОМ, чиј лидер Ландини се обидува да ја обедини политичката левица, во, како што вели, општествена коалиција против Ренци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top