| четврток, 6 декември 2018 |

Падот на Ербасот А320 не влијаеше врз довербата на Французите во воздушниот сообраќај

Germanwings A320 crashes over French Alps-Dobrindt and SteinmeierПадот на Ербасот А329 на компанијата „Џерман вингс“ во француските Алпи не ја намали довербата во воздушниот сообраќај во Франција, покажуваат резултатите од анкетата на Францускиот институт за истражување на јавното мислење (ИФОП), објавени денеска во весникот „Диманш Вест Франс“.

Резултатите од анкетата, која беше спроведена во средата и четвртокот, веднаш по несреќата со патничкиот авион на германската авиокомпанија покажуваат дека довербата на Французите во воздушниот сообраќај не е намалена.

Четириесет и еден отсто од анкетираните изразуваат увереност во ефикасната работа на патничките авиокомпании, што претставува трипроцентно зголемување во однос на минатата година.

 Триесет и четири отсто од анкетираните како една од главните причини за страв при патувањето со авион, ја навеле можноста за хаварија за време на летот. Други најчести одговори се терористички напад (24 отсто), како и опасноста од прелетување над зона на борбени дејствија (16 проценти)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top