| четврток, 6 декември 2018 |

Се предаде хулиганот што го повреди Акинфеев

Лука Лазаревиќ од Подгорица е виновникот за првиот инцидент на мечот меѓу Црна Гора и Русија и тој денеска и се предаде на полцијата во главниот град на Црна Гора. Лазаревиќ го призна делото, односно дека тој со запален факел го погоди во главата рускиот голман и веќе се наоѓа во притвор.

Безбедносните камери на стадионот во Подгорица го снимија Лазаревиќ при инцидентот, по кој Акинфеев заврши во болница со потрес на мозокот и со изгореници на вратот.

luka

За Лазаревиќ сигурно ќе има кривична пријава, а црогорската фудбалска федерација ќе плати драстична казна. најверојатно мечот ќе биде регистриран со службен резултат од 3-0 за Русија, а дали ќе има и казна со одземање на бодови, па дури и исклучување од квалификацискиот циклус за настап на Еп во Франција ќе одлули УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top