| четврток, 6 декември 2018 |

Акинфеев е во стабилна состојба: Им благодарам на сите што ми помогнаа

Игор Акинфеев изјави дека се чувствува добро по вчерашниот инцидент кога на самиот почеток од дуелот во Подгорица, голманот на Русија беше погоден со запален факел од навивачите на црногорската репрезентација.

„Се чувствувам добро. Им благодарам на сите што ми помогнаа и ме подржаа во оваа опасна ситуација за мене. Се надевам дека вакви работи нема повеќе да се случуваат на фудбалските терени“, изјави Акинфеев.

Тој заврши во болница со потрес на мозокот и опекотини на вратот. Мечот беше во прекин по почетниот инцидент, потоа продолжи, за повторно да биде и конечно прекинат, откако во 67. минута Дмитриј Комбаров се пожали кај судијата и делегатот дека е погоден со запалка. Русија речиси сигурно ќе го добие мечот со службен резултат од 3-0, а Црна Гора ја чека драстична казна за инцидентите во Подгорица.

akin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top