| четврток, 6 декември 2018 |

Снимен хулиганот што го погоди Акинфеев со бакља во глава (видео)

akinfejev_799104S1Инцидентот на квалификацискиот натпревар меѓу Црна Гора и Русија ги згрози љубителите на фудбалот ширум светот. Уште во десеттата секунда натпреварот беше прекинат бидејќи навивач го погоди голманот на гостите Акинфеев со бакља во главата. На Јутјуб е објавено видео на кое се гледа хулиганот кој ја фрли бакљата и моментот кога го погодува голманот во главата. Моментот можете да го видите на 3:20 од видеото. Прекинот по инцидентот траеше 35 минути, а натпреварот конечно беше прекинат во 67 минута. Се очекуваат драстични казни за Црна Гора од УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top