Специјалистите ја открија светлината во тунелот, тврдејќи дека луѓето всушност секогаш го пребродуваат скршеното срце и порано или подоцна и наоѓаат партнер.
Според истражувањето мажите и жените нема како да не започнат нови романтични односи.Научниците го истражувале процесот на љубов и поделба и откриле механизам во нашиот мозок, дизајниран врз основа на природната селекција кој секогаш нè вади од турбулентните периоди на нашите животи. -Ова докажува дека луѓето се создадени за да се обновуваат, а болката навистина одминува со времето- објасни д-р Брајан Боутел од Универзитетот во Сент Луис.
Истражувањето покажува дека двата пола би ја прекинале врската од различни причини.Пример еден маж е поверојатно да се раздели со партнерката, ако таа го изневери сексуално. За разлика од посилниот пол, жените почесто простуваат неверство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



