Нови закани за новинарите . Продолжуваат заканите од страна на оние кои постојано критикуваат дека нема слобода на медиуми во земјава. Првиот човек на „Достоинство“ Стојанче Ангелов синоќа вербално го нападна новинарот и уредник на Нетпрес, Дејан Николовски. За ова тој се пофали преку статус на неговиот Фејсбук профил.
-Синоќа, сосем случајно налетав на него. Да не бев политичар, ќе беше многу едноставно. Го фаќам за врат и го трескам од земја! Безмислосно! Па што сака нека биде. Но сега… Сега јас сум политичар. И треба да бидам фин… Премногу сме пасивни. Но! Отсега натаму нема!…Ќе платиш за се! Ќе платиш и тоа како!….Но, можеби еден ден нема да бидам политичар и некаде на улица ќе налетам на тебе, напиша тој.
По ова следуваше поддршка од страна на медиумите контролирани од СДСМ, финансирани од Сорос. Статусот на стојанче претставува директна закана. Инцидентот бил снимен од нив и објавен на Интернет, а најголемиот дел од нив објавија и вест на оваа тема. Осуда за заканата во медиумите блиски до опозицијата нема. Никој од нив не напиша никаков збор против насилничкиот чекор и недоличното однесување на политичарот врз новинарот. Да беше во обратна ситуација -да се работеше за новинар близок до опозицијата и вработен во нивните медиуми ќе се направеше вистинска драма, ќе се повикуваа здруженијата да го осудат чинот, ќе се бараше мислење однадвор за тоа дека новинарите во Македонија немаат слобода.
Од друга страна, лицемерно е и однесувањето на Ангелов. Тој напаѓајќи го Николовски, критикуваше негов текст објавен на Нетпрес. Ангелов никогаш не реагираше на текстовите на новинарите блиски до опозицијата, колку и да беа тие полни со навреди, говор на омраза и шпекулации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст