Трендот на облачно и врнежливо време продолжува и во деновите од викендот. Ако веќе треба да се одбере „помалото зло“, изборот паѓа на недела. Сабота ќе започне со облачно време. Според Метеопро врнежи се очекуваат претежно во првата половина од денот, но истите ќе бидат релативно слаби. Попладне врнежите ќе престануваат.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, претежно северен ветер. Максималната температура ќе има вредност околу 13°С долж Повардарие, додека низ останатите котлини таа ќе има вредност во дијапазонот од 10°С до 12°С. На повисоките места во западниот крај се очекува максимална до 4°С, а во источниот регион околу 9°С.
Во недела се очекува позначајно намалување на облачноста, но во втората половина од денот. Можно се сосема слабо да „пророси“ наутро во северниот дел од земјава. Ветерот ќе биде претежно слаб, а ќе дува од северозапад. Во текот на денот температурата ќе има највисока вредност околу 12°С во вардарскиот регион. Во останатите подрачја максималната ќе има вредност околу 10°С.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст