| четврток, 6 декември 2018 |

Зејн Малик од „Уан дајрекшн“ подготвува рап песна

Zayn-Malik-500_thumb_medium380_0

Еден од членовите на групата „Уан дајрекшн“, Зејн Малик одлучил да го напушти бендот и колегите по пет години соработка. Таа вест одекна како гром, а многу негови обожаватели останаа во неверување.

Само еден ден по донесувањето на одлуката, за британскиот „Сан“ тој говори за причините за неговото заминување.

– Сето ова е малку лудо и диво. Сепак, прв пат чувствувам дека имам контрола над својот живот. Чувствувам дека го првaм тоа што е правилно за мене и затоа добро поднесувам сè што се случува, вели Малик.

Тој минатата недела прво ја напушти турнејата, па по наводите дека ја изневерил девојката, одлучил засекогаш да ја заврши приказната со бендот кој го прослави. Малик ги демантира гласините дека си заминал од групата поради несоглсувања со останатите членови.

-Тие ми пружија целосна поддршка. Беа супер кон мене. Ме разбраа и сфатија дека веќе не ми е „тоа“, вели Зејн.

Тој сега го снима својот прв самостоен сингл, а ќе се обиде во рап музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top