| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го наведеш веднаш да стане заинтересиран за секс

сексСтратегија и тактика не се термини што вообичаено ги поврзуваме со сексот, но понекогаш е потребен војнички пристап за да го добиете од мажот на што го сакате во креветот.

Одредени работи ги наведуваат мажите да помислат на секс: кога ќе ве видат како „блескате“ кога ќе се вратите од вежбање, кога ве гледаат како мрдате со колковите додека танцувате или само кога ќе ве слушнат како издишувате додека јадете чоколадо. Но можете да користите и посуптилни методи да го заинтересирате за секс. „Секогаш кога ќе посакав секс, ги притискав јагодичките од палецот на мојот партнер. Знам дека звучи чудно, но помислив дека ако го правам тоа доволно често, кога ќе го направам истото во несексуална ситуација, ќе го асоцира на секс и успеав“, вели Ивана (29).

Всушност станува збор за основниот Павлов рефлекс – ако едно дејство комбинирате со некое друго, со текот на времето вашиот ум почнува да ги поврзува. Истото важи и при заведување. Одреден мирис, песна или специфично движење можат потсвесно да го натераат да помисли на последниот пат кога сте воделе љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top