Со специјален декрет на в.д. шефот на националната полиција во Индонезија на припадничките на полициските сили во иднина ќе им биде дозволено, ако сакаат главата да ја покријат со марами, или „хиџаб’’, како дел од нивната униформа. Во полициските служби во Индонезија, вклучувајќи го и разузнавањето, се ангажирани 450.000 лица, а само пет посто од нив се жени.
Според новите прописи, шамиите на полицајките кои сакаат да покажат дека се муслиманки, не смеат да пречат во носењето на беретка, или шлем. Прописот вели дека тоа мора да бидат еднобојни шамии, без какви да е ознаки, а за припадничките на специјалната мобилна бригада е пропишано бојата на марамата да е усогласена со бојата на пантолоните.
Дозвплата за покривање на главата на полицајките со шамии е донесена како компромис со барањата на конзервативниот врв на муслиманската заедница во Индонезија. Во оваа држава во 2005 година беше донесена уредба со која на полицајките им се забрануваше покривање на главата со шамија, а единствено во крајната западна провинција Ачех полицајките, преќутно, имаа право да истакнат муслиманско обележје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст