| четврток, 6 декември 2018 |

Во јануари просечната нето-плата 21.828 денари

плата

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесува 21.828 денари и е за 2,3 отсто повисока  во споредба со овој месец лани. Просечната бруто-плата, пак, е 32.051 денари и е повисока за 2,6 отсто. Во јануари годинава 1,3 отсто од вработените не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето платата се должи пред се на повисоките исплатени плати во секторотите  Други услужни дејности (8,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,7 отсто) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,1 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Стручни, научни и технички дејности (18,2 отсто), Земјоделство, шумарство и рибарство (7,7 отсто) и Преработувачка индустрија (7,1 отсто).

Зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, е резултат на повисоките плати во секторите Други услужни дејности (8,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,8 отсто) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на претходниот месец има во секторите Стручни, научни и технички дејности (14,9 отсто), Земјоделство, шумарство и рибарство (7,6 отсто) и Преработувачка индустрија (6,9 отсто).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top