Германски обвинители објавија дека откриле докази според кои најмладиот пилот на „Џерман винс“, осомничен дека извршил самоубиство или убиство со умисла и намерно го урнал авион со 150 патници, бил болен.
Тие не откриваат што е болеста на Андреас Лубиц, но објаснуваат дека тој ја прикрил од работодавците.
– Конфискувани документи со медицинска содржина покажуваат дека имал болест и ни покажуваат кое било лекувањето од страна на лекарите – велат од обвинителството во Диселдорф, каде што живеел.
„Фактот дека постојат цепкани на парчиња болнички листови, во кои меѓу другото е кажано дека тој не е во состојба да работи – сосема нови и дури на денот на злосторството – ја одржуваат верзијата од прелиминарната истрага, дека тој ја криел болеста од работодавецот и од своите колеги“.
Обвинителите дополнуваат дека документите се откриени при претресите во станот на Лубиц во Диселдорф и неговиот дом во Мантабаур во провинцијата Рајнска област-Пфалц.
Според нив, нема знаци за какви и да е политички или религиозни мотиви зад активностите на пилотот на „ербас А320“ од летот 4U9525, кој во вторникот се урна во француските Алпи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст