Штандот на германската спортска автомобилска компанија „Порше“ беше еден од најпосетуваните на штотуку завршениот Саем за автомобили во Женева. Не е ништо случајно бидејќи „Порше“, покрај новиот модел „кајман ГТ4“, во целата вжештена атмосфера премиерно го прикажа и новиот модел ГТ3 РС, серија 911.
Бескомпромисниот спортски автомобил е тежок 1.420 килограми, што е за 10 килограми помалку од актуелниот модел 911 ГТ3. Намалувањето на тежината е остварено со користење алуминиумска легура за конструкција на шасијата, алуминиумска легура во комбинација со магнезиум за покривот на автомобилот и карбонски влакна, кои се искористени за предниот капак, како и за капакот на моторот.
Во овој случај, на капакот на моторот се направени дополнителни отвори за воздух, а е вграден и спојлер, чијашто основна функција е зголемување на силата на Земјината тежа за оптимално приспособување со подлогата на патот при голема брзина. Над овој спојлер е поставен уште еден поголем, кој е дизајниран по примерот на спојлери што се користат кај автомобилите за трки.
Кај „порше 911 ГТ3 РС“ специфични се отворите за воздух кај страничните предни и задни крила за да се намали отпорот на воздухот како и енормно големите вшмукувачки цевки во предниот браник.
Новиот атмосферски мотор, тип боксер, кој „Порше“ долго време го развиваше во своите погони, има шест цилиндра со зафатнина од 4,0 литри и 500 коњски сили со 460 њутн-метри вртежен момент, што е доволно 911 ГТ3 РС да развие од 0 до 100 километри на час за 3,3 секунди. За забрзување од 200 километри на час му е потребно малку помалку од 11 секунди. Максималната брзина на овој „болид“ изнесува повеќе од 322 километри на час.
Преносот на силата се врши преку седумстепен автоматски менувач со две квачила на задната оска, а вкупната управливост е помогната и со блокадата на диференцијалот.
Во однос на другите модели од серијата 911, внатрешноста на ГТ3 РС се разликува по белата подлога на брзиномерот, нов дизајн на седиштата, трикрак волан, кој е обложен со алкантара, и по неколку карбонски детали.
Почетна цена на „порше 911 ГТ3 РС“ изнесува 182.000 евра, а првите модели во продажните салони ќе пристигнат по неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст