| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпискиот сон почнува од Матка виа Лондон до Рио

Ма­ке­дон­ски­те ка­ја­ка­ри се на­о­ѓа­ат пред го­лем пре­диз­вик во го­ди­на во ко­ја има не­кол­ку го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња. На олим­пи­ска­та нор­ма ќе се ата­ку­ва во сеп­тем­ври во Лон­дон на пла­не­тар­ни­от шам­пи­о­нат, прет­ход­но во мај е Европ­ско­то пр­венс­тво во Лајп­циг, а оди­се­ја­та што би се кру­ни­са­ла со на­стап во Бра­зил в го­ди­на на ЛОИ поч­ну­ва ви­кен­дов на Ма­тка. На па­те­ка­та по­крај Скоп­је пр­во ќе се одр­жи из­бор­но нат­пре­ва­ру­ва­ње во ма­ке­дон­ски рам­ки за ме­сто во на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја за ка­јак на ди­ви во­ди, а по­тоа на 4 и на 5 април е тра­ди­ци­о­нал­ни­от Илин­ден­ски ка­јак сла­лом, или по­пу­лар­но на­ре­чен ИКАС. Ма­тка ну­ди го­лем пре­диз­вик, за нај­до­бри­те пат за Лајп­циг и за Лон­дон, а за се­ни­о­ри­те до 23 го­ди­ни и за ју­ни­о­ри­те на­стап на мла­дин­ско­то Европ­ско пр­венс­тво во Кра­ков

Ма­ке­дон­ски­те ка­ја­ка­ри се на­о­ѓа­ат пред го­лем пре­диз­вик во го­ди­на во ко­ја има не­кол­ку го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња, ка­ко за­гре­ва­ње за Лет­ни­те олим­пи­ски игри во Рио де Жа­не­и­ро во 2016 го­ди­на. На олим­пи­ска­та нор­ма ќе се ата­ку­ва во сеп­тем­ври во Лон­дон на пла­не­тар­ни­от шам­пи­о­нат, прет­ход­но во мај е Европ­ско­то пр­венс­тво во Лајп­циг, а оди­се­ја­та што би се кру­ни­са­ла со на­стап во Бра­зил в го­ди­на на ЛОИ поч­ну­ва ви­кен­дов на Ма­тка. На па­те­ка­та по­крај Скоп­је пр­во ќе се одр­жи из­бор­но нат­пре­ва­ру­ва­ње во ма­ке­дон­ски рам­ки за ме­сто во на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја за ка­јак на ди­ви во­ди, а по­тоа на 4 и на 5 април е тра­ди­ци­о­нал­ни­от Илин­ден­ски ка­јак сла­лом, или по­пу­лар­но на­ре­чен ИКАС. Ма­тка ну­ди го­лем пре­диз­вик, за нај­до­бри­те пат за Лајп­циг и за Лон­дон, а за се­ни­о­ри­те до 23 го­ди­ни и за ју­ни­о­ри­те на­стап на мла­дин­ско­то Европ­ско пр­венс­тво во Кра­ков. Ап­со­лут­ни фа­во­ри­ти не­ма, ќе има го­ле­ма би­тка на око­лу 30 ма­ке­дон­ски ка­ја­ка­ри за ме­сто во на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја.

Kajak-Matka-IKAS-2

Ве­ле­шко­то дуо Љу­бо­мир Спа­сиќ и Але­ксан­дар Зла­та­ров, ка­ко прет­став­ни­ци на раз­лич­ни ге­не­ра­ции, беа го­сти на „Ре­пуб­ли­ка“ не­по­сред­но пред из­бор­ни­от нат­пре­вар ви­кен­дов на Ма­тка. Ве­лес е еден од цен­три­те на овој спорт во Ма­ке­до­ни­ја, со бо­га­та тра­ди­ци­ја и ус­пе­си и со до­бри нат­пре­ва­ру­ва­чи.

– Ве­лес се­ко­гаш бил Ме­ка на ка­ја­кот во Ма­ке­до­ни­ја и имал од­лич­ни нат­пре­ва­ру­ва­чи и ре­пре­зен­та­тив­ци. Кај нас има че­ти­ри клу­ба што по­ка­жу­ва де­ка има ин­те­рес за овој спорт. Де­ца­та поч­ну­ва­ат уште од учи­лиш­ни­те де­но­ви да се дру­жат со ка­ја­кот, ка­ко што и јас се вљу­бив во овој ди­на­ми­чен и атра­кти­вен спорт. Со­нот, се­ка­ко, ми е да учес­тву­вам на олим­пи­ски игри и се на­де­вам де­ка цел­та ќе ја ос­тва­рам ве­ќе со учес­тво на след­ни­те игри во Рио де Жа­не­и­ро во 2016 го­ди­на. Трг­ну­вам од ма­ке­дон­ски­от из­бо­рен нат­пре­вар за ме­сто во ре­пре­зен­та­ци­ја­та, од ква­ли­фи­ка­ци­и­те на Ма­тка, па се на­де­вам де­ка ќе па­ту­вам за Лон­дон на Свет­ско пр­венс­тво, ка­де што би се нат­пре­ва­ру­вал за олим­пи­ска нор­ма. Не­што што е сон на се­кој спор­тист – ве­ли Спа­сиќ. Тој ќе се нат­пре­ва­ру­ва во К1 во се­ни­ор­ска кон­ку­рен­ци­ја. Пом­ла­ди­от Зла­та­ров ќе се оби­де да би­де ме­ѓу нај­до­бри­те во кон­ку­рен­ци­ја на се­ни­о­ри до 23 го­ди­ни и во ју­ни­ор­ска кон­ку­рен­ци­ја. Има са­мо 18 го­ди­ни и не­го­ва цел е на­стап на Европ­ско­то мла­дин­ско пр­венс­тво во Кра­ков, Пол­ска.

– Се на­де­вам де­ка по­втор­но ќе би­дам дел од ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Учес­тву­вав на Европ­ски­от шам­пи­о­нат што го ор­га­ни­зи­рав­ме на Ма­тка ла­ни, а на­ци­о­нал­ни­те бои ги бра­нев и на Свет­ско­то пр­венс­тво во Сло­вач­ка во 2013 го­ди­на. Се на­де­вам де­ка ќе се из­бо­рам за хет-трик и де­ка ќе па­ту­вам и за Кра­ков. По­себ­но е чув­ство­то ко­га си ре­пре­зен­та­ти­вец и ќе да­дам ма­кси­мум низ ви­те­шка би­тка со мо­и­те ко­ле­ги да се из­бо­рам за ме­сто во на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја – ве­ли Зла­та­ров.

Kajak-Matka-IKAS-3

Ма­ке­до­ни­ја се­ко­гаш има­ла та­лен­ти во овој спорт, а ка­ја­кот на ди­ви во­ди е ме­ѓу во­деч­ки­те ин­ди­ви­ду­ал­ни спор­то­ви кај нас спо­ред бро­јот на учес­тва на Олим­пи­ски­те игри. Ла­зар По­пов­ски ду­ри че­ти­ри­па­ти бе­ше дел од нај­до­бри­те олим­пиј­ци на пла­не­та­та. По не­го и Ата­нас Ни­ко­лов­ски се из­бо­ри за на­стап на ЛОИ во Пе­кинг во 2008 го­ди­на. На ред е но­ва­та ге­не­ра­ци­ја да ги по­вто­ри ус­пе­си­те на ду­о­то По­пов­ски – Ни­ко­лов­ски, кои имаа за­бе­ле­жи­тел­ни на­ста­пи и на свет­ски­те шам­пи­о­на­ти. Вре­ме е за не­кои но­ви мом­ци во К1, пред­во­де­ни од Спа­сиќ, Зла­та­ров, Бре­жан­ски, Де­ли­ев, Мир­чев­ски, Сте­фа­нов­ски, Вел­ков…

Из­бор­ни­от нат­пре­вар за ме­сто во ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја што пр­во ќе учес­тву­ва на Европ­ско­то пр­венс­тво во Лајп­циг во мај и по­тоа на Свет­ски­от шам­пи­о­нат во Лон­дон во сеп­тем­ври ќе се одр­жи ви­кен­дов на па­те­ка­та по­крај Скоп­је на Ма­тка. Ќе учес­тву­ва­ат три­е­се­ти­на до­маш­ни ка­ја­ка­ри, кои по­тоа ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат и на Илин­ден­ски­от ка­јак сла­лом на иста­та па­те­ка.

Про­гра­ма­та за ма­ке­дон­ски­те ка­ја­ка­ри на ди­ви во­ди е згус­на­та. Две сед­ми­ци ќе се во­зи на Ма­тка, пр­во со из­бо­рен нат­пре­вар, па по­тоа и со тра­ди­ци­о­нал­ни­от Илин­ден­ски ка­јак сла­лом или поз­на­ти­от ИКАС. Сле­ду­ва ЕП за се­ни­о­ри во Лајп­циг, па ЕП за се­ни­о­ри до 23 го­ди­ни и за ју­ни­о­ри во Кра­ков, за на кра­јот да дој­де ред за го­ле­мо­то фи­на­ле и за СП во Лон­дон. Кој ќе ста­са до глав­ни­от град на Анг­ли­ја ќе има шан­са за би­тка за олим­пи­ска нор­ма. Ма­ке­до­ни­ја е вле­зе­на во та­ка­на­ре­че­на­та „Раз­вој­на про­гра­ма“ на Свет­ска­та ка­ја­кар­ска фе­де­ра­ци­ја и мож­но е да до­бие и „вајлд кар­та“ за еден нат­пре­ва­ру­вач, кој би па­ту­вал за Рио де Жа­не­и­ро на ЛОИ 2016 го­ди­на.

– Ре­ал­но има­ме не­ка­кви шан­си, иа­ко во Лон­дон ќе би­де кре­мот на овој спорт. Та­му ќе би­де глав­на­та рас­пре­дел­ба на ме­ста­та што во­дат за Рио на Олим­пи­ски­те игри. На шам­пи­о­на­тот ќе има 50-60 врв­ни нат­пре­ва­ру­ва­чи со иста цел, да се би­де ме­ѓу нај­до­бри­те, од­нос­но да се освои ме­дал и при­тоа и да се из­бо­ри олим­пи­ска­та нор­ма. Се на­де­вам де­ка не­кој од нас ќе трг­не по па­те­ки­те на на­ши­от учи­тел Ата­нас Ни­ко­лов­ски, кој има ос­тва­ре­но олим­пи­ска нор­ма. Не­го­ви­от под­виг и сед­мо­то ме­сто на Свет­ско­то пр­венс­тво во 2010 го­ди­на е го­лем пре­диз­вик за си­те нас. Цел што е ви­со­ка, но се на­де­вам и до­стиж­на ве­ќе во Лајп­циг на Европ­ско­то пр­венс­тво или во Лон­дон на пла­не­тар­ни­от со­бир – ве­ли Спа­сиќ.

Ма­ке­до­ни­ја на си­те три го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња што ќе се одр­жат во Лајп­циг, Кра­ков и во Лон­дон ќе има прет­став­ни­ци и во по­е­ди­неч­на кон­ку­рен­ци­ја и екип­но.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top