| четврток, 6 декември 2018 |

Авионски несреќи што ги предизвикале пилоти

Two dead in US cargo plane crash

Авионската несреќа  што се случи на француските Алпи покрена низа прашања за трагедиите што се случиле поради вина на пилотите.

Во периодот од 1982 до 2013 година се случиле пет несреќи, за кои се смета дека се одговорни пилотите на авионите.

Ова е листата на дел од несреќите за кои се смета дека ги предизвикале пилотите.

29 ноември 2013

Пилот на авиокомпанијата „ЛАМ“ од Мозамбик намерно го урна „ембраер 190“ во североисточна Намибија. Авионот сообраќал од Мапута за Луанда, во Ангола и во него имало 33 лица. Според истрагата, капетанот се заклучил во пилотската кабина и не му дозволил на копилотот да влезе, туку го игнорирал предупредувањето.

31 октомври 1999 година

Авионот „боинг 767“ на компанијата „Египет ер“ се урнал во Атлантикот во близина на крајбрежјето на Масачусетс, бргу по полетување од Њујорк кон Каиро, при што загинаа 217 лица. Американската агенција за безбедност при сообраќај заклучи дека се работи за самоубиство на копилотот. Анализата на црната кутија потврди дека тој бил сам во кабината, дека изговорил кратка молитва, го исклучил автопилотот и го урнал авионот во океанот.

19 декември 1997 година

Само половина час по полетување од Џакарта кон Сигнапур авионот „боинг 737“ на компанијата „Силк ер“ од Сингапур се урна во река на островот Суматра, при што загинаа 104 патници и членови на екипажот. Американските истражувачи заклучија дека се работи за самоубиство на пилотот, кој  ги исклучил црните кутии, но властите на Индонезија не ѝ дадоа поддршка на таа верзија.

21 август 1994 година

Во тек на летот од Агадир кон Казабланка пилотот на „АТР-42“ на компанијата „Ројал ер“ од Мароко намерно го урнал авионот во планината Атлас, при што загинаа 44 лица. Истрагата потврди дека последните зборови на копилотот укажувале дека капетанот со маневри го урнал авионот.

9 февруари 1982 година

Пилотот на „ДЦ-8“ на компанијата „Јапонија ерлајнс“ го урнал авионот пред слетување во Токио, при што убил 24 лица. Истрагата покажала дека тоа била самоубиствена последица на ментално нарушување.

Извор: А1ОН

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top