Претседателот на Јемен, Абед Рабо Мансур Хади, престојува во Ријад додека Саудиска Арабија продолжува со воздушните напади врз позициите на шиитските бунтовници во неговата земја, јавува „Би-Би-Си“. Саудиска Арабија соопшти дека нема непосредни планови за копнена офанзива во Јемен.
Саудиски официјални лица потврдуваат дека Мансур Хади допатувал во главниот град на Саудиска Арабија на пропатување за Египет, каде што како „легитимен претседател“ ќе учествува на дводневниот самит на Арапската лига. Ова е прва потврда за местото каде што се наоѓа јеменскиот претседател од средата кога саудиските власти почнаа воздушни удари врз позициите на Хутите во Јемен со цел „да се одбрани легитимната влада на претседателот“. Дејствата на Саудиска Арабија, Иран ги нарече „опасен чекор“.
САД потврдија дека даваат логистичка и безбедносна поддршка на Ријад, додека владата во Техеран бара итно сопирање на саудиските воздушни удари затоа што тие го нарушуваат суверенитетот на Јемен. Саудиска Арабија го обвини Иран дека ги поддржува шиитските бунтовници во Јемен, додека Турција наведе дека Техеран се обидува да доминира во регионот, пишува „Би- Би-Си“.
Во меѓувреме, Саудиска Арабија соопшти дека нема непосредни планови за почнување копнена операција во Јемен, но дека нејзините сили и силите на сојузниците се подготвени да го сторат тоа ако е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст