Австриската полиција уапсила пет осомничени џихадисти во Виена и во Кремс. Во Кремс се уапсени двајца азиланти од Чеченија, Сослан Д. (28) и Шемил К. (31) кои летото во 2013 година и во септември 2014 година ја напуштиле Австрија и се бореле на страната на Исламската држава во Сирија и во Ирак. Засега не е јасно зошто се вратиле.
Специјалните единици на австиската полиција „Кобра“ упаднале во становите на уапсените, каде што заплениле компјутери и воздушен пиштол. Речиси во исто време во Виена се уапсени двајца мажи и жена од Чеченија. И овие се уапсени под сомневање за учество во терористичка организација. Според првите информации, тие не биле џихадисти-повратници, туку регрутирани терористи кои имале намера да заминат во џихад во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје