| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Се надевам ќе му го вратат пасошот на Заев, за Велигден да одмори во некоја од соседните земји

eftov500

– Сигурен сум дека Зоран Заев, како голем демократ и борец за вистината на Македонија, одвај чека да почне судскиот процес и се надевам дека надлежните од Јавното обвинителство, како големи верници, ќе му ја вратат патната исправа на Зоран Заев, за да може да се одмори за велигденските празници во некоја од соседните држави – вели новинарот Васко Ефтов во изјава за „Телеграф“ откако вчера му беше укината емисијата „Во Центар“ од програмата на Телевизија Алсат М. Тој смета дека ваквата одлука е донесена под влијание на Заев и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Вчера на својот фејсбук-профил напиша: 
-Оваа е валкана војна. Јас сите мои битки сум ги добил, ќе ја добијам и ова. Ова не е моја битка со опозицијата. Ова е моја битка со Заев и со Шекеринска и нивното сфаќање на демократијата во која нема место за нивните  неистомисленици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top