| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Очекувам ЗНМ да излезе со реакција за укинувањето на емисијата, како што излезе кога тоа се случи во „Алфа“

vasko eftov24056234070_1212892677_n

ЗНМ излезе со реакција кога ми ја укинаа емисијата на телевизијата „Алфа“ и сега чекам истото да се случи и за забраната од страна на „Алсат М“, изјавува новинарот Васко Ефтов, чијашто емисија „Во центар“ беше цензуриран на телевизијата „Алсат М“. Тој на социјалните мрежи излезе со став дека првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, влијаеле „Во центар“ повеќе да не се емитува.

– ЗНМ реагираше кога ми ја забранија емисијата на ТВ „Алфа“ и Насер Селмани беше на разговори со уредничкиот тим на „Алфа“ да биде укината тогашната забрана на мојата емисија. Јас ќе чекам да видам дали Селмани денес прави разлика меѓу идентичните постапки на „Алфа“ и на „Алсат“, односно дали во овој случај ќе се однесува како претседател на ЗНМ или како Албанец – вели Ефтов за Телеграф.

Ефтов не сака да предвидува каков коментар ќе дадат Заев и Шекеринска за неговиот став дека тие се вмешани во одлуката на „Алсат М“. Вели, можеби по јубилеен 50. пат, ќе имаат гостување во некоја емисија на „Алсат“ и таму ќе ги прашаат за коментар.

– Можеби ќе прифатат да дојдат во мојата емисија и јас лично ќе ги прашам – додава Ефтов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top