„Македонско село“, новата туристичка атракција во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“ во Скопје од април треба да биде отворено за посетители.
„Македонско село“ опфаќа 12 автентични куќи во архитектонски стил карактеристичен за различни региони во земјава. Секоја куќа е изградена со камен карактеристичен од тој крај, а имаат и различен чардак.
Десет од куќите имаат два ката, додека струшката, галичката и реканската куќа се изградени на три нивоа. Првиот кат од куќите е своевиден музеј во кој ќе бидат прикажани грнчарница, ковачница, ткајачница, карактеристични за крајот од кој потекнува изгледот на куќата. На горниот кат од куќите има соби во кои ќе може да се преноќи.
Во комплексот е изграден и музеј во кој ќе бидат изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини. Освен куќи, за поавтентично доловување на околината, во комплексот се изградени и чешмата сред селото, трло, бачило и менана каде што посетителите ќе можат да ги дегустираат традиционалните македонски специјалитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тинекс: И покрај сите напори и вложувања, се повлекуваме од стопанисување со Македонско село
-
„Тинекс“ и „Квинс“ хотел ќе ја платат гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци за „Македонско село“
-
Сообраќајна несреќа се случи на патот кон комплексот Македонско село
-
ЈСП со нова автобуска линија и нов возен ред