Четири лица загинаа, а 11 други се повредени синоќа кога автобус со 26 патници нагазил на мина близу местото Артемивск во реонот на Донецк, соопшти заменик-началникот на донецката управа на украинското Министерство за внатрешни работи, Иља Кива.
– Автобус со 26 лица, што патувал од Артемивск кон Хорливка, заобиколувајќи една препрека нагази на антитенковска мини. На местото на настанот загинаа четири жени. Шест повредени лица се пренесени во болница – напиша Кива на својот профил на „Фејсбук“.
Како што јави „Укринформ“, Кива подоцна соопшти дека бројот на повредени лица се искачил на 11.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подготвувале свадба, а сега подготвуваат 11 погреби: Која била Мина и нејзините другарки кои загинаа во авионската несреќа!
-
Не ме интересираат такви работи-Мина Јоксимовиќ проговори за Јована и близначките
-
Полицијата со полициски кучиња откри неексплодирана мина во Гевгелија
-
Од неа Мина ја наследила убавината – ова е првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ