| четврток, 6 декември 2018 |

Битолската библиотека одбележи 70 години од постоењето

bitola

Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Битоа свечено одбележа 70 години од постоењето. Освен библиотечната дејност, значајна е и издавачката дејност, а битолската библиотека има издадено повеќе книги од сите библиотеки заедно во земјава, вклучувајќи ја и Националната библиотека од Скопје.

Денес, НУУБ „Св. Климент Охридски“ прерасна во современа библиотека, која достигна импозантна бројка од 600.000 книги.

– Денес имаме современа и модерна институција, која опфаќа 3.000 квадратни метри површина од која барем половина е наменета за читателите. Имаме 7.000 читатели и дневна посета од 700-800 лица – рече директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“, Науме Ѓорѓиевски.

Освен библиотечната дејност, „Св. Климент Охридски“ зад себе има богата издавачка дејност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top