| четврток, 6 декември 2018 |

Бурмата на машката рака не одбива, напротив – таа е магнет за жените

hiding_ring

Бурмата на машката рака не одбива, туку напротив претставува магнет за жените и голем плус во освојувањето, заклучува група од француски сексолози по повеќегодишно истражување.

Постојат повеќе причини поради што може да се дојде до ваков заклучок. Но, број еден причина е тоа што дамите повеќе им веруваат на оженетите мажи и сметаат дека тие се посериозни, позрели и поодговорни.
Меѓутоа, сексолозите тврдат дека втората причина е можеби и клучна, а тоа е фактот дека меѓу припадничките на понежниот пол постои веќна потреба за ривалство од каде што произлегува заклучокот дека „забранетото овошје“ се чини дека е повкусно.
Освен тоа, ова истражување вели дека жената која ќе успее да ѝ го преземе партнерот на друга жена има поголема самодоверба и се чувствува помоќно. Сепак, стручните лица не им препорачуваат на дамите да се впуштаат во авантури со оженети мажи, бидејќи постојат шанси од такви врски да останат емоционално скршени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top