Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи.
Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои телесни повреди добиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 22 часот на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинската пумпа „Окта“, во која учествувале едно патничко и едно товарно моторно возило. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од товарното моторно возило, а со полесни сопатник од патничкото моторно возило.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Седумнаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, пет возачи се затекнати како го управуваат возилото под влијание на алкохол и пет возачи коишто поминале на црвено светло на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат возачи на моторно возило коишто сториле прекршок по различни основи.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „7 Март“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст